Џорџ В. Буш одликуван со Орден на Република Македонија

Фалеристика

Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, во Охајо, САД, му го врачи Орденот на Република Македонија на г. Џорџ В. Буш, 43-тиот претседател на САД.

Поранешниот претседател е одликуван од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката меѓу Република Македонија и САД, а особено во афирмирањето и јакнењето на меѓународната положба и угледот на Република Македонија, и промоцијата на евроатлантската иднина на земјата, со личен ангажман како претседател на САД.

Орденот на Република Македонија е највисокото државно одликување и се доделува на најистакнати личности кои имаат посебни заслуги во остварување на сувереноста и независноста на Република Македонија, кои придонеле за развивање и зацврстување на соработката и пријателските односи со други држави и придонеле за афирмирање на земјата во сите сфери на општествениот живот.

orden-bush-02