Грбот на Енеа Силвио Пиколомини

Хералдика

Грб на австрискиот генерал Енеа Силвио ПиколоминиНа 25 октомври, во 1689 година генералот во австриската војска Енеа Силвио Пиколомини наредил да се запали градот Скопје, поради епидемијата на колера која го зафатила градот.

Генералот Пиколомини потекнувал од мошне познато благородничко семејство од Сиена, Италија, од кое потекнуваат и двајца римски папи, Пиј II и Пиј III, како и Октавио Пиколомини де Арагон, Принц на Светото римско царство, Витез на Редот на златното руно.

Грбот на генералот Пиколомини е со блазон:

Сребрено, на син крст пет златни полумесечини.

Иако својот благороднички статус семејството го стекнува во XII век, најраните записи за грбот датираат од XIV век. За неговото потекло и симболика не постојат официјални податоци, иако постојат неколку неофицијални верзии.