Грб на Војводата од Единбург

Хералдика

Неговото Кралско Височество Принцот Филип, Војвода од Единбург, Принц на Грција и Данска, конзорт на Кралицата Елизабета II на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ерл од Мерионет и Барон Гринич почина на 9.4.2021 година на 99-годишна возраст.

На фотографијата е претставен грбот кој на 27.6.1949 година му го додели Кралот Џорџ VI. Тој ја претставува неговата лоза како принц на Грција и Данска и неговото потекло од семејството Маунтбатен, како и неговото војводство.

Блазон

Квадриран; Прво златно, посеано со црвени срца, три сини лава во од крунисани со златна војводска круна во појас (за Данска); Второ сино, сребрен крст (за Грција); Трето сребрено, две црни греди (за Батенберг и Маунтбатен); Четврто сребрено, на природна карпа црн замок со три кули, ѕидан сребрено, со црвени прозорци, порта, врвови и ветреници (за Единбург); сето опкружено со жартиер од Најблагородниот ред на жартиерот.

Челенка
На круна за син на владетелот златен кралски шлем, над него од златна војводска круна се издигаат наизменично црни и сребрени 5 ноеви перја.

Мантија
Златно поставено со хермелин

Држачи
Десно дивјак крунисан со венец од дабови лисја обвиткан околу слабините со лавовска кожа, кој во десната рака држи дрвена тојага; Лево златен лав крунисан со златна војводска круна и оглавен со сина поморска круна.

Мото
GOD IS MY HELP (БОГ Е МОЈАТА ПОМОШ)