Иницијатива за воспоставување на Орден за заслуги „Мајка Тереза“

Фалеристика

Иницијатива на Никола Груевски за воспоставување на интернационален Орден за заслуги „Мајка Тереза“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски на 4.9.2016 година, денот на канонизација на Света Мајка Тереза, покрена иницијатива за донесување на закон за воспоставување на меѓународен Орден за заслуги „Мајка Тереза“.

Орденот би се доделувал на истакнати жени од светот со особени и вонредни достигнувања во различни области, особено во областите како филантропијата, хуманизмот, помагањето на многу болни и многу сиромашни луѓе со лична жртва или ризик, како и остварени различни достигнувања со различни активности за мир, хуманост итн.

Замислата е орденот да го доделува единствен домашен и меѓународен борд во кој задолжително би учествувал секој министер за надворешни работи на Република Македонија, но и други личности од Република Македонија, како и истакнати високо-авторитетни личности од различни држави и области во светот.

Самиот чин на доделување и врачување на овој орден би бил афирмација на делото и животот на Света Мајка Тереза, но и силна афирмација на Република Македонија.