ИЗИИС одликуван со Орден за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија при Универзитетот Свети Кирил и Методиј со Орден за заслуги за Македонија.

Институтот се одликува по повод 50 годишнината од неговото основање, а особено за постигнатите исклучителни резултати во својата научна и апликативна дејност во областа на земјотресно инженерство во земјата и во странство, со што даде значаен придонес во смалувањето на сеизмичкиот ризик, заштита на човечките животи и материјални добра и афирмација на македонските научни достигнувања во светот.

Орденот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.