Креирање грбови

Желбата на човекот преку симболи да се претстави себеси или да обележи нешто што му припаѓа постои отсекогаш. Низ историјата човекот се обидувал тоа да го реализира на најразлични начини. Но, хералдиката е најистрајниот, но и најдостоинствениот од сите. Таа е еден безвременски систем на симболи кој се гради 1.000 години и кој продолжува да се развива и применува и денес.

Иако денеска постојат најразлични посовремени начини за идентификација, со креирањето на грб станувате дел од таа вековна традиција, традиција на големите благородници и витези.

За разлика од земјите со официјални хералдички власти и закони, како Велика Британија или Шпанија на пример, во Република Македонија грбоносец може да биде секој поединец, семејство, институција, функција, служба, организација, фирма.

Доколку размислувате да станете грбоносец, со задоволство ќе го изработам вашиот грб. Грб кој ќе можете да го употребувате како ваш личен, семеен или корпоративен симбол на писма, меморандуми, мејлови, на вашата облека или керамика, во вашиот дом, па дури и на него како хералдичко знаме или аплициран на фасадата.

Започнете ја вашата семејна традиција и креирајте грб кој ќе им го оставите во наследство на вашите поколенија.