Знамето на Данска слави 800 години

Вексилологија

Знамето на Kралството Данска, познато и како „Данеброг“, денеска ја прославува својата 800-та годишнина. 

Според легендата, на 15 јуни 1219 година за време на битката кај Линданис, одлучувачка битка во Ливонските крстоносни војни меѓу Данска и Естонија, во моментите кога данската војска била на работ на пораз, надбискупот Андерс Сунесен ги подигнал рацете кон небото и го замолил Бог за чудо. Во тој момент, од небото меѓу војниците се спуштило црвено знаме со бел крст. Данскиот крал Валдемар II го кренал знамето и ја повел својата војска во победа.

Од тој ден тоа е знамето на Данска и се смета за најстарото знаме на светот.

Денот се чествува со многу церемониии и настани во Данска, како и во Естонија и со официјална посета на НВ Кралицата Маргрет II на Естонија.