Европско винско витештво – Македонски вински конзулат

корпоративна хералдика

По повод одржувањето на јубилејниот 50-ти светски конгрес на вински братства во Скопје, македонскиот конзулат на Ordo Equestris Vini Europae во мај 2018 година стана грбоносен.

Блазон

Златно, на црвен крст сребрен меч надолу со дршка од првото, во 1. поле грозд, во 4. поле пехар, обете зелени.

Челенка
На рондела поделена на вртешка од осум црвено и златно малтешки крст обратно обоен, во центарот рондела од првото.

Мантија
Десно црвено поставено златно, лево зелено поставено златно.

Мото
IN HONOREM DEI ET IN HONOREM VINI

Блазон
Коста Стаматовски

Емблазон
Коста Стаматовски

банер
беџ