Знамето на Претседателот на САД

Вексилологија

Знамето на Претседателот на Соединетите Американски Држави се состои од печатот на Претседателот поставен на темносина позадина. Тоа се истакнува во Овалниот кабинет и на објектите и возилата кога е присутен претседателот, како и во останати воени и церемонијални прилики.

Тоа е симбол на суверенитетот на нацијата и извршната власт на претседателот.

Знамето е воспоставено во 1882 година од 21-от претседател, Честер А. Артур. Откако тој забележал дека повеќето кралеви и претседатели на останатите земји во светот имаат свои знамиња кои ги истакнуваат на бродовите со кои патуваат, тој иницирал воспоставување на знаме и за Претседателот на САД. Така, на 9 август 1882 година, Морнарицата на САД ја издала одредбата со која се дефинира знамето на Претседателот, а во 1883 година тоа било за првпат употребено на неговото патување до Флорида.

Изгледот на знамето се менувал неколку пати, најчесто кога се менувал изгледот на Големиот печат на Соединетите Американски Држави. Денешниот изглед на знамето е утврден со извршна одредба од 1960 година на претседателот Двајт Д. Ајзенхауер.

Од денеска, во наредните 4 години знамето ќе го претставува 45-от претседател, Доналд Џ. Трамп.