Бигорскиот манастир одликуван со Орден за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го одликуваше Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Македонија.

Манастирот се одликува по повод 1000 годишнината од основањето, а за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонесот во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, за грижата за уметничките реткости и за постојаните социјални и хуманитарни активности.

Орденот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.