Факултетот за музичка уметност Скопје одликуван со Орден за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше Факултетот за музичка уметност Скопје со Орден за заслуги за Македонија.

Факултетот се одликува по повод 50 години од основањето, а особено за постигнатите резултати во својата образовна, уметничка и научна дејност, со што даде исклучителен придонес во збогатувањето и промовирањето на македонската музичка култура и афирмација на Република Македонија во светот.

Орденот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.