Јован Павлевски одликуван со Медал за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше проф. Јован Павлевски со Медал за заслуги за Македонија.

Професорот се одликува за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и за дејствување во Француската Република, со што даде значаен придонес за унапредување на пријателските односи и на соработката со Француската Република, како и за афирмација на Република Македонија во светот.

Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.