Дејвид Калхун одликуван со Орден „8 Септември“
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го одликуваше главниот извршен директор на „Боинг“, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“.
Директорот се одликува за неговиот особен и посветен придонес во развојот и унапредувањето на македонско-американските стратешки и деловни односи и за економскиот напредок на нашата земја.
Орденот „8 Септември“ се доделува на домашни и странски личности и организации за вонредни заслуги во конституирањето и изградбата на Република Северна Македонија, за исклучителен придонес за воспоставување и зацврстување на пријателски односи и соработка со други држави и меѓународни организации и афирмирање и јакнење на нејзината меѓународна положба и углед, како и за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста, одбраната и заштитата.