Милош Земан одликуван со Орден „8 Септември“

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан со Орден „8 Септември“.

Претседателот е одликуван за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

Орденот „8 Септември“ се доделува на личности и организации за исклучителен придонес за развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива соработка со други држави. Како и за придонес, развој и афирмација на меѓунационалните односи, за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на земјата.