Мустафа Сани Шенер одликуван со Медал за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше Мустафа Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на бордот на директори на „ТАВ аеродроми“ со Медал за заслуги за Македонија.

Toj се одликува за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и дејствување со што даде значаен придонес за развојот на македонската економија, како и за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Република Турција.

Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.