Организацијата на обединетите нации одликувана со Орден на Република Северна Македонија
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ја одликуваше Организацијата на обединетите нации со Орден на Република Северна Македонија.
Организацијата се одликува за големата помош и поддршка при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година и за непроценливиот придонес за обновата на градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите.
Орденот на Република Северна Македонија е највисокото државно одликување и се доделува на најистакнати личности, на владини и невладини организации, здруженија, како и на шефови на држави и на влади кои имаат посебни заслуги во остварување на сувереноста и независноста на Република Северна Македонија, кои придонеле за развивање и зацврстување на соработката и пријателските односи со други држави и придонеле за афирмирање на земјата во сите сфери на општествениот живот.