Дејци од областа на македонската народна музика одликувани со Медал за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ги одликуваше Анка Гиева и Виолета Томовска и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Македонија.

Овие дејци на македонската народна музика се одликуваат за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.