Првиот механизиран пешадиски баталјон и Баталјонот за врски одликувани со Орден за воени заслуги

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги одликуваше 1. механизиран пешадиски баталјон и Баталјонот за врски на Армијата на Република Македонија со Орден за воени заслуги.

Единиците се одликувани за особени заслуги и за исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни рамки.

Орденот за воени заслуги се доделува на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија за успесите кои ги постигнуваат на тоа поле.