Сквадронот на транспортни хеликоптери и Канцеларијата за врски на НАТО одликувани со Орден за воени заслуги

Фалеристика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ги одликуваше свадронот на транспортни хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија и канцеларијата за врски на НАТО со Орден за воени заслуги.

Сквадронот на транспортни хеликоптери од Воздухопловната бригада од Здружената оперативна команда на Армијата на Република Северна Македонија се одликува за особени заслуги и исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународни рамки.

Канцеларијата за врски на НАТО се одликува за континуираната поддршка и помош на Република Северна Македонија во процесот на пристапување и исполнување на критериумите и стандардите за остварување на полноправното членство во НАТО.

Орденот за воени заслуги се доделува на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија за успесите кои ги постигнуваат на тоа поле.

Инаку, ова е првото одликување на претседателот Стево Пендаровски.