Пол Кругман и Стопанска комора одликувани со Орден за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го одликуваше нобеловецот Пол Кругман и Стопанската комора на Република Северна Македонија со Орден за заслуги за Македонија.

Пол Кругман се одликува за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето нов модел на меѓународна трговија, усовојување нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето голем број значајни научни дела и трудови.

Стопанската комора се одликува за 100 годишен посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различни еснафски стопанственички структури, со што се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и развој на условите на стопанисувањето и конкурентноста на пазарот, како темел за стабилност и економски просперитет на државата.

Орденот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.