Коста Пеев, Стојан Лекоски и Олга Панкина одликувани со Медал за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги одликуваше истакнатите научни работници, лингвисти и македонисти Коста Пеев, Стојан Лекоски и Олга Панкина со Медал за заслуги за Македонија.

Коста Пеев, професор по дијалектологија на македонскиот јазик, се одликува за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и дејствување, со што даде значаен придонес за зачувувањето на дијалектите на македонскиот јазик и неговата поширока афирмација.

Стојан Лекоски, книжевен преведувач и библиограф, се одликува за исклучителниот придонес за афирмација и популаризација на современиот македонски јазик, литература и култура во Република Словачка, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словачка.

Олга Панкина, македонистка и преведувачка од Русија, се одликува за исклучителниот придонес за афирмација и популаризација на современиот македонски јазик, литература и култура во Руската Федерација, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.

Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.