Волф Ошлис, Виктор Фридман и Кристина Крамер одликувани со Медал за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги одликуваше истакнатите научни работници, лингвисти и македонисти Волф Ошлис, Виктор Фридман и Кристина Крамер со Медал за заслуги за Македонија.

Волф Ошлис, професор, автор и преведувач на повеќе дела од врвни македонски автори е одликуван за исклучителниот придонес за афирмацијата и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Сојузна Република Германија, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.

Виктор Фридман, еден од најпознатите и најактивните лингвисти со македонистичка ориентација е одликуван за исклучителниот придонес за афирмацијата и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Соединетите Американски Држави, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Американскиот лингвист Кристина Крамер е одликувана за исклучителниот придонес за афирмацијата и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Соединетите Американски Држави и Канада, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави и Канада.

Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.