Воената полиција и Инженерискиот баталјон одликувани со Орден за воени заслуги

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги одликуваше Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон на Армијата на Република Македонија со Орден за воени заслуги.

Баталјоните се одликувани за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурност на македонските граѓани, особено во справувањето со бегалската криза како глобален безбедносен предизвик.

Орденот за воени заслуги се доделува на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија за успесите кои ги постигнуваат на тоа поле.