Пет години од предлогот за хералдички државен грб

Хералдика

На 5 декември 2014 година на седница на Владата на Република Македонија беше усвоен нацрт-закон за нов државен грб кој е хералдички и базиран на македонското хералдичко наследство.

Грбот се состои од црвен разгневен лав на златен штит и мурална круна со пет кули украсена со бисери и рубини над штитот.

Како основа за неговиот изглед е земен грбот од грбовникот на Жером де Бара „Le Blason des Armoiries“ и неговото трето, проширено и воедно најпознато издание од 1581 година, издадено во Лион, Франција.

Емблазонот (хералдичкиот цртеж) на грбот е на Коста Стаматовски, како и на Јован Јоновски.

Предлог-законот требаше набрзо да се најде на дневен ред на собраниска седница, но сето ова коинцидираше со почетокот на длабоката политичка криза во земјата, како и со појавата на несогласувања во албанскиот политички блок околу поддршката на предлогот и тој никогаш не влезе во собраниска процедура.