Објавен регистарот на грбови на Македонското хералдичко здружение

Хералдика

Македонското хералдичко здружение на својата веб страница го објави регистарот на грбови кои се регистрирани во здружението.

РЕГИСТАР НА ГРБОВИ

Регистарот содржи лични и општински грбови, како и грбови на институции и организации. Објавени се вкупно 33 грбови, од кои 19 се лични, 6 се општински и 8 се корпоративни грбови.

Законската регулатива во Република Македонија ја регулира само сферата на грбовите на единиците на локалната самоуправа. Така, со заведување на грбот во регистарот на Македонското хералдичко здружение, како единствениот хералдички авторитет во Република Македонија, се официјализира неговото постоење.