1 Октомври – Светски ден на вексилологијата

Вексилологија

Знаме на Меѓународната федерација на вексилолошки здруженија (FIAV)Светскиот ден на вексилологијата се одбележува на 1 октомври. Чествувањето на овој ден започнува од оваа година, на иницијатива на Скот Меноринг и Знаменското здружение на Портланд.

Инаку, 1 октомври 1961 година е наречен „роденден на модерната вексилологија“ бидејќи на тој ден Герхард Грал и Витни Смит го издаваат првиот билтен со вексилолошки научни статии во светот. Така, од оваа година овој ден ќе се прославува како ден на вексилологијата или Вексиден.

Низ светот, 14-тина вексилолошки здруженија го најавија чествувањето на Вексиден. Во Грузија се одржува Првата национална конференција за хералдика и вексилологија, италијанските вексилолози организираат настан во замокот Сфорца во Милано, додека Хрватското хералдичко и вексилолошко здружение ќе го одбележи денот за време на Петтиот национален конгрес на хрватските историчари во Задар.

Ајде и ние да им се придружиме – истакнете знаме или споделете го онлајн со хаштаговите #вексиден и #vexiday и покажете дека ги сакате знамињата.