За мене
Се занимавам со хералдика, вексилологија и фалеристика речиси 15 години. Особено сум активен како хералдички уметник.
Повеќе од 25 години работам како графички и веб дизајнер, со особена љубов и успех во полето на дизајн на идентитет.
Автор сум на грбовите на Општина Охрид и Општина Ново Село; на Медалот за учество во хуманитарни или мировни операции; на бројни лични, семејни и организациски грбови; како и на веб-страницата посветена на знамето на Република Северна Македонија – www.zname.mk