10 Jуни – Меѓународен ден на хералдиката

Хералдика

Меѓународниот ден на хералдиката се одбележува на 10 јуни. Чествувањето на овој ден започна во 2013 година на иницијатива на Томаш Штајфер, член на Меѓународната асоцијација на хералди аматери.

Инаку, 10 јуни е денот кога во 1128 година во Руан, Франција, Џефри V Плантагенет ја добил својата витешка титула од Хенри I Кралот на Англија. За време на церемонијата тој добил штит со шест златни лавови на сина позадина, кој се смета за веројатно првиот доделен грб во историјата. Дали конкретниот грб е првиот во историјата е предмет на дебата во хералдичката наука, но сепак тој грб и конкретниот чин се земени како повод за чествување на хералдиката.

Во 2015 година денот на хералдиката доби и свој грб, со блазон:

Сино, сребрено искорнато дабово дрво, врз него златен вперен легнат лав.