FIAV го призна 1 Октомври – Светскиот ден на вексилологијата

Вексилологија

На 27-от Меѓународен вексилолошки конгрес, одржан од 7 до 11 август во Лондон, Меѓународната федерација на вексилолошки здруженија (FIAV) го призна 1 октомври како Светски ден на вексилологијата или Вексиден.

Вексиден се одбележува од минатата 2016 година, како ден кога се слави љубовта и почитта кон знамињата и науката која ги изучува. На овој ден вљубениците во знамињата и вексилолошките организации ширум светот ги истакнуваат своите омилени знамиња или ги споделуваат онлајн со хаштагот #vexiday.

Ајде и ние да им се придружиме – истакнете знаме или споделете го онлајн со хаштаговите #вексиден и #vexiday и покажете дека ги сакате знамињата.