Грб на Папата Лав XIV

Хералдика

Грбот на Папата Лав XIV е штит на кој се претставени сребрен лилјан и книга со срце во пламен прободено со стрела над неа.

Синото поле со сребрен лилјан ја симболизира Богородица Марија. Книгата и срцето, пак, се симбол на Редот на Свети Августин, од кој доаѓа папата. 

Штитот е опкружен со симболите на папското достоинство – над него е папската митра, а зад него се вкрстени златен и сребрен клуч соединети со црвен гајтан.

Мотото на папата е „IN ILLO UNO UNUM“ и значи: „ВО ЕДИНИОТ СМЕ ЕДНО“. Фразата е земена од експозицијата на Свети Августин на Псалм 127, каде што вели: „иако ние христијаните сме многу, во едниот Христос сме едно“. Мотото ги одразува корените на папата во Августинскиот ред и неговата посветеност на единството во Црквата.

Инаку, останува нејасно зошто полето со книга и срце е претставено со таа неодредена боја, кога во својата оригинална верзија, како грб на кардиналот Превост, полето е сребрено.