Република Македонија
На 5 декември 2014 година на седница на Владата на Република Македонија беше усвоен нацрт-закон за нов државен грб кој е хералдички и базиран на македонското хералдичко наследство.
Грбот се состои од црвен лав на златен штит и мурална круна украсена со бисери и рубини.
Блазон
Златно, разгневен црвен лав.
Круна
Златна бедемска круна со пет кули ѕидана златно, сета украсена со рубини и бисери.
Блазон
Предлогот е базиран на грб од грбовникот на Жером де Бара „Le Blason des Armoiries“; 1581 година, Лион, Франција.
Емблазон
Коста Стаматовски, како и Јован Јоновски
Предлог-законот беше предвидено наскоро да се најде на дневен ред на Собранието, но тоа се совпадна со почетокот на сериозната политичка криза во земјата, како и со појавата на разидувања во албанскиот политички блок во однос на неговата поддршка. Поради тоа, предлогот никогаш не стигна до собраниска процедура.


