Знамето над Скопје од картата на Анџелино Дулчерт од 1339 година

Реконструкција

Најстариот хералдички или вексилолошки запис во врска со Македонија кој до сега ни е познат е од 1339 година. Тоа е знамето прикажано над Скопје на картата на италијанскиот картограф Анџелино Дулчерт. Знамето претставува златно поле со црвен двоглав орел.

Ова знаме најчесто му се припишува на царот Стефан Душан (Стефан Урош IV Душан Немањиќ), кој владеел од Скопје, но тоа треба да се зема со резерва поради недостатокот на релевантни извори.

Во секој случај, врската со царот Стефан Душан може да биде предмет на засебна хералдичка и историска дебата, она што овде е очигледно и недвосмислено е дека знамето на самата карта го означува и е поставено над градот Скопје („scopi“).

Инаку, ова е првата реконструкција на знамето изработена од македонски хералдички уметник. Реконструкцијата е публикувана во монографијата „Симболите на Македонија“.

оригинал
реконструкција