Одбележување на 10 Јуни – Меѓународниот ден на хералдиката

Вести

По повод 10 Јуни – Меѓународниот ден на хералдиката, на иницијатива на Коста Стаматовски, Македонското хералдичко здружение организира посета и положување цвеќе на споменикот на Христофор Жефарович на Кеј Димитар Влахов, како и одржување на следните предавања:


Иван Нацевски
ПРИПИШАНИТЕ ГРБОВИ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ.
СОЗНАНИЈА И ПРЕДИЗВИЦИ


Јован Јоновски
МАКЕДОНСКАТА ХЕРАЛДИЧКА МИСЛА ВО СВЕТЛОСТ НА
МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХЕРАЛДИКАТА

Предавањата ќе се одржат на 9 јуни 2017 година, во „Метаноја литературно кафе“
(Максим Горки 19), со почеток во 19.00 часот.