Одликувања на Република Северна Македонија

Се доделува:

• на најистакнати личности и правни лица кои имаат посебни заслуги во остварувањето на самостојноста, сувереноста, независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, како и за вонредни резултати остварени на цивилен и воен план;

• на најистакнати личности кои исклучително придонеле за развивање и зацврстување на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и други држави, како и за јакнење на нејзината меѓународна положба и углед;

• на владини и невладини организации, здруженија, како и поединци, кои со своето работење и дејствување ќе постигнат исклучителни резултати од значење за афирмирање на Република Северна Македонија во областа на науката, уметноста, образованието, стопанството, хуманоста и слично, на домашен и на меѓународен план, а особено поединци кои во областа на своето работење, односно професионално ангажирање добиле највисоки награди, односно најпрестижни признанија од меѓународно значење и

• на шефови на држави и на влади, како и на други истакнати странски личности за вонредни заслуги во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Северна Македонија со други држави.

Автор
Сашо Бајрактаров

Се доделува:

• за вонредни заслуги на личности и државни органи, установи, владини и невладини организации и слично од Република Северна Македонија во конституирањето и изградбата на Република Северна Македонија во мирновременски услови како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, како и за исклучителен придонес за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка со други држави и меѓународни организации и асоцијации и за афирмирање и јакнење на нејзината меѓународна положба и углед;

• на лица, органи и организации кои особено придонеле за развој и афирмација на меѓунационалните односи во Република Северна Македонија;

• на лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста, одбраната и заштитата на Република Северна Македонија, како и за меѓународна соработка на тој план и

• на претседатели на држави, на парламенти и на влади, на високи странски државници и дипломати, на највисоки функционери на меѓународни организации и установи за исклучителни заслуги за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу соодветната држава, односно организација или установа и Република Северна Македонија, како и за исклучителен придонес за јакнење на нејзината меѓународна положба и углед.

Автор
Костадин Танчев - Динка и Владимир Боројевиќ

Се доделува:

• на истакнати личности во борбите за национално и социјално ослободување; на политичките затвореници и лица прогонувани, судени и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност; на лица, државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, кои со нивни посебни залагања придонеле во создавањето на сувереноста, независноста, територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, како и за исклучителен придонес за нејзиниот државно-правен и општествен развој и за јакнење на односите на заедниците во Република Северна Македонија и

• на лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија, како и за меѓународна соработка на овие полиња.

Автор
Костадин Танчев - Динка и Владимир Боројевиќ
(редизајн според Илинденска споменица)

Се доделува:

• на личности, владини и невладини организации и здруженија на граѓани, на правни лица, како и на други органи и организации за особени заслуги во политичкиот и општествениот живот во Република Северна Македонија, како и на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва на други држави и на меѓународни организации и други асоцијации акредитирани во Република Северна Македонија; на странски државјани и странски установи и организации за особени заслуги за сувереноста, независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, за успешно организирање и ефикасно остварување на функциите на органите на државната власт, за особено значајни остварувања во стопанството, образованието, науката, културата, иноваторството, здравството, социјалната политика, спортот и во заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и за особен придонес за успешно организирање и ефикасно функционирање на установите и организациите во овие области; за заслуги во остварувањето и унапредувањето на односите меѓу заедниците во Република Северна Македонија; за особени заслуги за успешно остварување и унапредување на односите и соработката на Република Северна Македонија со други држави и со меѓународни установи и организации, како и за нејзиното афирмирање во светот во одделни области и дејности и

• за особени заслуги кои можат да се искажат и за меѓучовечка помош или хуманитарна помош која се спроведува со лично залагање.

Автор
Петар Гајдов

Се доделува:

• на припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија, на воени старешини за извонредни успеси во организирањето и командувањето со вооружените сили за време на војна и мир, во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Република Северна Македонија, во командувањето и раководењето со безбедносните сили и воените единици или установи, за дејствија коишто придонесуваат за успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет; 

• за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата, создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Северна Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната; 

• на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Северна Македонија и 

• на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Северна Македонија.

Автор
Дарко Фиданоски

(Орденот сѐ уште нема ликовно-графичко решение и сѐ уште не се доделува)

Се доделува:

• на лица за особени достигнувања во ширењето на хуманоста, милосрдието, добротворноста, толеранцијата и соживотот, кои даваат хуман придонес преку помагањето на болните, гладните, сираците, напуштените, луѓето отфрлени од општеството, обесправените, сиромашните, угнетените, бездомниците, бегалците, лица со особен социјален ризик и лица од други ранливи категории на локално, регионално и глобално ниво.

Орденот се доделува во пет ранга, во зависност од обемот, ефектот, влијанието и нивото на достигнувањето во областите и нивоата. Начинот на утврдување на ранговите го пропишува претседателот на Република Северна Македонија.

 

Се доделува:

• на физички и правни лица за постигнати резултати кои придонесуваат за значаен развој и афирмација на Република Северна Македонија во сите области на животот и работата, како и за развивање на пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и други држави, меѓународни органи, организации или асоцијации.

Автор
Милкица Стефановска

Се доделува:

• на припадници на вооружените сили на Армијата на Република Северна Македонија, на вработените од Министерството за внатрешни работи и на други личности за покажана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија, или во заштитата на човечки животи или материјални добра во опасни ситуации и

• на припадници на Министерството за внатрешни работи за посебни заслуги и долгогодишно ангажирање при вршење на работите и задачите, посебно ангажирање во спасување или заштита на животот, имотот и здравјето на граѓаните, посебно ангажирање во спречувањето на нарушувањето на јавниот ред и мир во поголем обем или заради особени заслуги и придонес во меѓународната афирмација на министерството.

Автор
Сашо Бајрактаров

(Медалот сѐ уште нема ликовно-графичко решение и сѐ уште не се доделува)

Се доделува:

• на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија за достигнувања во раководењето и командувањето со безбедносните сили, при што дале придонес во развојот, угледот и унапредувањето во извршувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од службата.

(Медалот сѐ уште нема ликовно-графичко решение и сѐ уште не се доделува)

Се доделува:

• на припадник на безбедносните сили кој го загубил животот, здобил тешки телесни повреди или оштетување на здравјето при одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, учество во вежбовни активности и обука и во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија, како и должности во мултинационални воени сили формирани согласно со ратификуваните меѓународни договори кои Република Северна Македонија ги склучила или им пристапила.

(Медалот сѐ уште нема ликовно-графичко решение и сѐ уште не се доделува)

Се доделува:

• на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија, како и на граѓаните на Република Северна Македонија ангажирани во активности во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Медалот се доделува за секое учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија, и тоа:

• прво учество - медал со чист рибон;
• второ учество - медал со бронзена ѕвезда на средина на рибонот;
• трето учество - медал со бронзена ѕвезда и број 1 на средина на рибонот;
• четврто учество - медал со сребрена ѕвезда на средина на рибонот;
• петто учество - медал со сребрена ѕвезда и број 1 на средина на рибонот;
• шесто учество - медал со златна ѕвезда на средина на рибонот и
• за учество во секоја следна мисија - медал со златна ѕвезда и последователен број на средина на рибонот.