Роман Марс за дизајнот на градските знамиња

Вексилологија

На конференција „ТЕД2015“ која се одржа овој март во Ванкувер, Канада, радио водителот Роман Марс за првпат зборуваше за вексилологија на некоја „ТЕД“ конференција.

Во неговиот духовит говор тој зборува за важноста на изгледот на знамињата на градовите, за тоа зошто знамињата на Чикаго и Амстердам се прекрасни, а оние на Сан Франциско и Милвоки не, и ги сподели 5-те основни принципи за убаво знаме.