Веганството доби свое знаме

Вексилологија

„Секое големо движење во историјата има свое знаме.“

Воден од ова мото, Гад В Хакими, графички дизајнер од Израел, ја покрена иницијативата за воспоставување на знаме на веганството. Анализирајќи ги симболите и логоата на веганските здруженија ширум светот, тој дошол до заклучок дека на веганството му треба знаме кое ќе биде симбол кој ќе го отсликува концептот на веганството во целост.

Така, со помош на уште неколку активисти и дизајнери, на 9 јуни 2017 година оваа иницијатива го претстави знамето на веганството. Знамето се состои од сино поле со две триаголни полиња во зелена и бела боја, кои како централен елемент ја формираат латиничната буква „V“.

Избраните бои на знамето ги претставуваат земјата, воздухот и водата – боите на Земјата.

Знамето е слободно за употреба и секој може да го истакнува, споделува, печати и продава.