Македонскиот народен театар одликуван со Орден за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше Македонскиот народен театар со Орден за заслуги за Македонија.

Тетарот е одликуван по повод 70-годишнината од основањето, како и за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво, со што дава исклучителен придонес во збогатувањето на македонската култура и афирмација на Република Македонија во светот.

Орденот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.