Народната банка на Република Македонија одликувана со Орден за заслуги за Македонија
Фалеристика
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја одликуваше Народната банка на Република Македонија со Орден за заслуги за Македонија.
Народната банка е одликувана по повод 70 години од основањето, а особено за постигнатите исклучителни резултати во централнобанкарското работење, како независна, емисиона банка и главен носител и столб на макроекономската стабилност на суверена и самостојна Република Македонија.
Орденот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.