Објавени 40 предлози за ново знаме на Нов Зеланд

Вексилологија

Нов Зеланд е една од петте земји на Комонвелтот кои сѐ уште имаат знаме во познатиот дизајн со знамето на Обединетото Кралство во кантонот.

Но, владата и народот на Нов Зеланд одлучија дека е време да го заменат тоа знаме со ново, кое повеќе ќе гo отсликува нивниот идентитет и карактер на нацијата.

На конкурсот се пристигнати дури 10.292 предлози, од кои владата избра 40 кои ќе продолжат понатаму во процесот за промена на знамето. Од нив, пак, ќе бидат избрани 4 кои граѓаните ќе ги рангираат на референдум во декември 2015 година.

Сите 40 предлози можете да ги погледнете на http://flag.govt.nz.