Хајнц Брандл одликуван со Медал за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше проф. д-р Хајнц Брандл, австриски геотехнички инженер, со Медал за заслуги за Македонија.

Професорот се одликува за постигнатите исклучителни резултати во својата долгогодишна работа и развојот на инженерството, науката и образованието во Република Македонија, со што дал значаен придонес за афирмација на нашата држава во светот.

Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.