Јован Таковски одликуван со Медал за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше протојереј-ставорофор проф. д-р Јован Таковски, професор и прв декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ Скопје, со Медал за заслуги за Македонија.

Професорот се одликува за постигнатите исклучителни резултати во неговата долгогодишна научна, образовна и книжевна дејност во областа на богословските науки, со што даде значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот.

Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.