Агенцијата за разузнавање одликувана со Орден Илинден – 1903 година

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја одликуваше Агенцијата за разузнавање со Орден Илинден – 1903 година.

Агенцијата се одликува по повод 20 години од основањето, а особено за својата дејност како еден од основните сегменти на разузнавачко-безбедносниот систем на државата, во зачувувањето и јакнењето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Орденот Илинден – 1903 година се доделува за заслуги во борбите за национално и социјално ослободување, за исклучителен придонес за државно-правен и општествен развој и јакнење на односите на заедниците во Република Македонија.

Инаку, ова е првото доделување на Орденот Илинден – 1903 година.