Армијата одликувана со Орден за воени заслуги

Фалеристика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ја одликуваше Армијата на Република Северна Македонија со Орден за воени заслуги.

Армијата се одликува за професионалноста и посветеноста на нејзините припадници, учесници во Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) и во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.

Орденот за воени заслуги се доделува на припадници на безбедносни сили за успесите кои ги постигнуваат на тоа поле.