Македонската опера и балет одликувана со Орден за заслуги за Македонија

Фалеристика

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја одликуваше Македонската опера и балет со Орден за заслуги за Македонија.

Македонската опера и балет се одликува по повод 70 години од основањето, а особено за успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност, со што даде исклучителен придонес за збогатување на македонските културни вредности и за афирмација на Република Македонија во светот.

Орденот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.