Припадници на дијаспората одликувани со Медал за заслуги за Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов одликуваше четворица припадници на дијаспората со Медал за заслуги за Македонија.
Иван Трпоски од Австралија, Кирил Христовски од САД, Лилјана Стоилковска Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија се одликувани за нивната исклучителна посветеност и ангажираност во своето работење во нивните земји, со што дале значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат.
Медалот за заслуги за Македонија се доделува на сите оние кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни остварувања во сите домени на општествениот живот на земјата.