Пожарникари одликувани со Медал за храброст
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ги одликуваше припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Звонко Томески, Кире Гиевски, Пепи Трајчевски, Драган Блажевски, Александар Петровски, Сашо Крстев и Панче Илијоски со Медал за храброст.
Пожарникарите се одликувани за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при извршувањето на задачите во справувањето со огнената стихија за време на пожарот во станбена зграда на улицата Народни херои, општина Кисела Вода, при што придонеле за навремено извлекување на загрозените станари.
Медалот за храброст се доделува на припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија за искажана лична храброст и самопрегор на полето на одбраната, или во заштита на човечки животи или материјални добра во опасни ситуации.