Припадници на Армијата одликувани со Медал за храброст
Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги одликуваше професионалните војници на Армијата на Република Северна Македонија Семир Фета, Омер Емини, Бујамин Реџепи и Сељадин Саљихи со Медал за храброст.
Војниците се одликувани за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност, кои со лично залагање како професионални војници и припадници на Армијата на Република Северна Македонија придонеле за навремено укажување на помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа што се случи кај селото Ласкарци, на патниот правец Скопје-Тетово.
Медалот за храброст се доделува на припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија за искажана лична храброст и самопрегор на полето на одбраната, или во заштита на човечки животи или материјални добра во опасни ситуации.