Членовите на РК „Вардар“ одликувани со Медал за заслуги за Македонија
Фалеристика
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги одликуваше ракометарите и стручниот тим на ракометниот клуб „Вардар“ со Медал за заслуги за Македонија.
Членовите се одликуваат за постигнатите врвни резултати во ракометот на домашен и меѓународен план, а особено за спортскиот подвиг – освојувањето на титулата европски клупски шампион, што е од исклучително значење за Република Македонија и за нејзина афирмација во светот.
Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.