Акан Сувер и Исмаил Серагелдин одликувани со Медал за заслуги за Македонија
Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги одликуваше професорите Акан Сувер и Исмаил Серагелдин со Медал за заслуги за Македонија.
Д-р Акан Сувер е одликуван за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и дејствување, со што даде значаен придонес за промовирање на македонските вредности и позиции во Република Турција и поширокиот европски и азиски простор, со личен ангажман како основач и претседател на Фондацијата Мармара.
Д-р Исмаил Серагелдин е одликуван за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и дејствување, со што даде значаен придонес за промовирање на меѓурелигискиот и меѓуцивилизацискиот дијалог и разбирање, за промовирање на македонскиот модел на соживот, со личен ангажман како основачки директор на новата Александриска библиотека во Александрија.
Медалот за заслуги за Македонија се доделува за развој и афирмација во сите области на животот и работата во земјата.